ПО НЕНАДЕЈНАТА ОСТАВКА НА ЗУЗУ ОД ТРЕНЕРСКАТА ПОЗИЦИЈА

Познати се и можните наследници на Зидан во Реал

Францускиот стратег е третиот тренер на „кралскиот клуб“ кој си заминува по освоена европска титула

објавено: 31 мај 2018 - 14:18

Јоаким Лев, Маурисио Покетино и Гути се трите имиња кои се споменуваат како можни наследници на Зинедин Зидан на клупата на Реал Мадрид. Популарниот Зизу изненадно даде останва од тренерската функција во Реал и сега „кралевите“ мора да најдат негов наследник. 

Со Зидан на клупата, Реал доминираше во Лигата на шампионите и три сезони по ред е на европскиот трон. Од можните наследници на Зидан, Лев е селектор на Германија од 2006 година и има договор со „панцерите“ до 2022 година. Маурисио Покетино е на клупата на Тотенхем и има договор до 2023 година.

Гути е „дете на Реал“ и најдобрите денови од играчката кариера ја помина на „Сантијаго Бернабеу“. Сега работи како тренер во младинските категории. 

Најново во Меѓународен Фудбал