СЕЛЕКТОРОТ ЛИОНЕЛ СКАЛОНИ ГИ ВОДИ „ГАУЧОСИТЕ“

После катастрофата на СП, како ќе изгледа „Новата Аргентина“? (ФОТО)

Репрезентацијата на Аргентина доживеа вистинска катастрофа на Мундијалот во Русија. Освен што играа лошо, ниту во соблекувалната не беше добра атмосферата, па селекторот остана без авторитет. После играчите „управуваа" со тимот, но и тоа не помогна.

објавено: 14 август 2018 - 13:30

Испаднаа Аргентинците во осминафиналето, а пред тоа едвај ја поминаа групата. На крајот беше сменет селекторот Сампаоли, а на негово место дојде Лионел Скалони, помошник ќе му биде Пабло Аимар, двајца поранешни репрезентативци.

Скалони има намера да врати фудбалери кои не беа во составот кај претходниот стратег, како на пример фантастичниот играч на Интер, Мауро Икарди. Меѓу првите 11 би бил и Пауло Дибала, потоа Меси во средината, а Ди Марија лево.

Од повозрасните тука ќе бидат уште стоперите Отаменди и Рохо, додека на голманската позиција е Армани.

Најново во Меѓународен Фудбал