ако се гледа кои колку ЛШ титули имаат освоено во кариерата

Поради ова смешно е да се споредуваат играчите на Реал и Ливерпул

Актуелните фудбалери на „кралскиот клуб“ може да се пофалат со вкупно 46 златни медали за трофеи во елитната лига, додека од сите играчи на англискиот тим само Емре Џан е со вакво одличје

објавено: 18 мај 2018 - 08:30

Уште помалку од 10 дена има до големото финале во Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и Ливерпул, а атмосферата се загрева. Двете екипи веруваат во своите можности и се надеваат дека на 26 мај на стадионот во Киев ќе го освојат големито сребрен трофеј. 

Ако се споредуваат играчите на двата тима и нивното искуство во настапите на вакви финални мечеви и можноста да се радуваат на тронот, Реал е многу подобар од Ливерпул. Актуелните играчи на „кралскиот клуб“  вкупно може да се пофалат дека имаат 46 златни медали од Лигата на шампионите. 

Најдобар е Кристијано Роналдо со дури четири трофеи. Португалецот има три титули со Реал и една со Манчестер Јунајтед. Освен Роналдо, само уште Тони Крос од мадриѓаните може да се пофали дека има титули со два различни тима. Освен со Реал на два пати, Германецот еднаш бил најдобар со Баерн Минхен. Сите останати играчи на „кралскиот клуб“ тоа го направиме во актуелниот дрес кој го носат. 

За разлика од Реал и нивните 46 златни одличја, фудбалерите на Ливерпул не знаат што е тоа трофеј во ЛШ. Единствено Емре Џан има злато во Лигата на шампионите и тоа од 2013 година како играч на Баерн Минхен. Сите останати играчи на Ливерпул мечтаат за прв пат да бидат на тронот на клупскиот фудбал во Европа. 

Најново во Меѓународен Фудбал