Денеска уште едно големо континентално финале

Полни трибини 3 часа пред финалето во Азиската лига на шампиони (ВИДЕО)

Попладнево од 16 часот се игра реванш средбата од финалето на Азиската Лига на шампиони. Персеполис во Техеран брка негатива од два гола на дуелот со Кашима.

објавено: 10 ноември 2018 - 13:12

На три часа пред стартот на големото реванш-финале од Азиската Лига на шампиони во Техеран нема „игла кај да се фрли“. Фановите на Персеполис буквално се бореа кој да дојде до билет за овој реванш меч по кој ќе се знае името на новиот континентален шампион на Азија.

Мечот се игра денеска од 16 часот на „Азади“ стадионот во Техеран. На првата средба екипата на Кашима Антлерс славеше на домашен терен со 2:0 и со реална предност доаѓа на ова гостување. Иранците се посебно мотивирани, затоа што Персеполис досега никогаш не стигнал до финалето, за разлика од нивниот лут градски ривал Естегал кој има две титули и уште две финалиња во ова натпреварување. Кашима, пак, ќе се обиде да ја задржи титулата во Јапонија, која минатата година го имаше Урава Ред Дајмондс како азиски шампион. 

Најново во Меѓународен Фудбал