БРАЗИЛСКАТА ЛЕГЕНДА ВЕЛИ ДЕКА ИМА САМО ЕДНА ВЕШТИНА...

Пеле: Меси е далеку послаб од Марадона!

Еден од најдобрите фудбалери во историјата, Бразилецот Пеле смета дека Лионел Меси никако не може да се спореди со него и Диего Армандо Марадона.

објавено: 6 декември 2018 - 14:45

Легендарниот Пеле, стрелец над 1.000 илјада голови во кариерата, објаснува дека фудбалерот мора да биде комплетен за да биде на негов ранг.

„Како можат да се прават споредби помеѓу играчи кои одлично ја удираат топката со глава, шутираат со левата и десната нога, а други шутираат само со една. Има само една вештина и не знае да удри со глава", рече Пеле за бразилскиот медиум „Фолха де Сао Пауло".

Пеле истакнува дека според негово мислење Марадона е далеку најдобриот аргентински фудбалер во историјата.

„Марадона е еден од најдобрите на сите времиња. Ако ме прашате, дали е подобар од Меси, ќе ви дадам одговор, да, Марадона е многу подобар од Меси...Исто така, Бекенбауер и Кројф беа одлични", додаде Пеле.

Пеле со репрезентацијата на Бразил дури три пати беше светски шампион, додека Меси нема трофеј и Пеле му забележува поради поразите во финалните мечеви на „Копа Америка" и СП.

Најново во Меѓународен Фудбал