МОТИВАЦИЈА ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА МУНДИЈАЛОТ

ОВА Е ГЕНИЈАЛНО: Модриќ фаворит за најдобар играч на СП! (Фото)

Фудбалерите на Хрватска се пласираа во полуфиналето на Светското првенство, а „мозокот" на репрезентацијата како што многумина го нарекуваат Лука Модриќ е веќе сега еден од кандидатите за најдобар играч на Мундијалот во Русија.

објавено: 8 јули 2018 - 18:00

Хрватите до полуфиналето стигнаа после победите над Нигерија (2:0), Аргентина (3:0) и Исланд (2:1) во групната фаза, а во нокаут-фазата на пенали беа подобри од Данска и Русија.

Во три од тие пет натпревари најдобар играч на мечот беше фудбалерот на Реал Мадрид, а особено се истакна на последниот дуел против Русите.

Имаше 140 пати контакт со топката, 102 додавања од кои 87 беа успешни, десет центаршутеви , осум дриблинзи, четири создадени шанси, четири пати изнудил прекршок, три удари кон противничкиот гол и една асистенција.

Тој е првиот хрватски фудбалер кој на едно СП имал повеќе од 100 додавања, а специјализираниот статистички сајт „Опта".

Најново во Меѓународен Фудбал