ФРАНЦИЈА В САБОТА ГО ЗАПОЧНУВА НАСТАПОТ НА СП

Ова делува застрашувачки: Дешамп ги избра ударните 11 за Австралија! (Фото)

Една од репрезентациите од кои навистина многу се очекува на Светското првенство во Русија е селекцијата на Франција.

објавено: 14 јуни 2018 - 15:15

Популарните „триколори" се чини доаѓаат во можеби и најсилниот состав од сите репрезентации, па селекторот Дидие Дешамп ќе биде на големи слатки маки.

Како што пренесува „Л'Екип", Дешамп се одлучи за почетните 11 на два дена пред почетокот на натпреварот против Австралија кој што ќе започне од 12:00 часот.

Французите на теренот во Казан се очекува да истрчаат во следниот состав: Љорис, Павар, Хернандез, Варан, Умтити, Толисо, Погба, Мбапе, Дембеле и Гризман.

Во групата Ц се наоѓаат уште селекциите на Перу и Данска.

Најново во Меѓународен Фудбал