ОТКАКО СЕ КОМПЛЕТИРАШЕ И ПЕТТОТО ПРЕТПОСЛЕДНО КОЛО

Останаа уште четири места: Кои 12 екипи се најдоа во нокаут-фазата на ЛШ? (ФОТО)

Се зголеми бројот на учесници во осминафиналето од Лигата на шампионите после одигрувањето на натпреварите од петтото коло на групната фаза.

објавено: 28 ноември 2018 - 23:51

Досега се познати 12 екипи кои што ќе играат во нокаут фазата од најквалитетното европско натпреварување, тие се: Реал Мадрид, Рома, Баерн Минхен, Ајакс, Манчестер Сити, Јувентус, Барселона, Манчестер Јунајтед, Атлетико Мадрид, Борусија Дортмунд, Порто и Шалке.

Некои од споменатите екипи веќе го потврдија првото место во своите групи, а од друга страна некаде се уште нема ниту еден сигурен патник во следната фаза.

Останаа уште четири празни места кои што треба да бидат пополнети, најинтересно е во „групата на смртта" каде што одлуката ќе падне во последното коло.

После вечерашните пресметки Наполи е прв со девет бодови, ПСЖ втор со осум, додека Ливерпул трет со шест, а Црвена Звезда четврта со четири. Ќе биде навистина занимливо на „Енфилд" каде што Ливерпул мора да го победи Наполи, а во Белград гостува ПСЖ.

Интересно секако ќе биде и во групата Б во која за второто место се борат Интер и Тотенхем кои имаат по седум. Англичаните ќе гостуваат на „Камп Ноу", а „неро-аѕурите" ќе бидат домаќини на ПСВ.

И во групата Ф во која во меѓусебен дуел ќе одлучуваат Шахтјор и Лион, за Украинците опција им е само победа, а на Французите им одговара и реми.

Најново во Меѓународен Фудбал