ПОСЛЕ МИНИМАЛНИОТ ПОРАЗ ОД СРБИЈА ВО САМАРА

ОСКАР РАМИРЕЗ: Не успеа тактичкиот план, а шансите мораме да ги користиме!

Селекторот на Костарика жали што неговата репрезентација не успеа да дојде до првата победа на СП.

објавено: 17 јуни 2018 - 17:30

„Беше еден неизвесен меч, се обидовме да поставиме еден тактички план, но тој не успеа. Шансите кои ни доаѓаат мораме да ги користиме, за жал тоа го направи Србија која дојде до погодок од прекин. Што можевме друго?

Сега ќе ни биде уште потешко, но нашата цел останува. Им реков на момците дека не смееме да се предаваме и ќе се бориме до крај. Во следните два меча ќе играме против втората и шестата фудбалска сила на светот", рече селекторот на Костарика, Оскар Рамирез.

Следниот втор меч на Мундијалот фудбалерите на Костарика ќе го имаат на 22. јуни во Ст. Петерсбург против селекцијата на Бразил, а во третото коло ќе се соочат со Швајцарија.

Најново во Меѓународен Фудбал