МНОГУ ЕМОЦИИ КАЈ НАСЛЕДНИКОТ НА ЗИДАН

Новиот тренер на Реал се расплаче на промоцијата (Видео)

Хулен Лопетеги вечерва и официјално беше претставен за нов стратег на актуелниот европски првак

објавено: 14 јуни 2018 - 20:14

Хулен Лопетеги вечерва беше промовиран во нов тренер на Реал Мадрид. Досегашниот селектор на Шпанија, реши да ја прифати понудата на „кралскиот клуб“ и на само два дена пред стартот на Мундијалот во Русија, ја напушти националната селекција, за да може да дојде на „Сантијаго Бернабеу“. 

Тој доаѓа на местото на Зинедин Зидан кој си даде отказ иако во три сезони освои три титули во Лигата на шампионите со Реал. 

„Денес сум најсреќниот човек на светот. Му благодарам на претседателот Флорентино Перез, благодарам на Реал Мадрид на укажаната доверба и одговорност која ми ја дадоа. Знам каде дојдов, кој е Реал, а јас ќе се обидам во иднина да бидеме уште подобри“, рече Лопетеги, кој заплаче додека беше промоцијата. 

Најново во Меѓународен Фудбал