Проектот е веќе преставен

Новиот стадион на Феенорд ќе биде најголем во Холандија (ФОТО)

Арената која е планирана со капацитет од 63.000 места, ќе биде изградена на бреговите на реката во близина на сегашниот стадион „Де Кујп" во Ротердам. Отворањето е закажано за 2023 година.

објавено: 22 декември 2018 - 14:00

Холандската архитектонска компанија ОМА го претстави нацрт-планот за новиот стадион на еден од најпопуларните холандски фудбалски клубови, Фееноорда.

Арената која е планирана со капацитет од 63.000 места, ќе биде изградена на бреговите на реката во близина на сегашниот стадион „Де Кујп“ во Ротердам. Отворањето е закажано за 2023 година.

Новиот стадион на Феенорд ќе биде најголем во Холандија. Засега првото место во ова акатегорија го има популарната „Амстердам Арена“ (Арена Јохан Кројф) која има капацитет од 54.990 места.

 

 

Најново во Меѓународен Фудбал