НЕМА КРАЈ НА СПОРНАТА СИТУАЦИЈА НА „САНТИЈАГО БЕРНАБЕУ“

Нова снимка околу пеналот на Реал открива интересен детал (Видео)

Кристијано Роналдо остана смирен и сконцентриран за да го реализира ударот од белата точка и да го испрати европскиот првак во полуфиналето

објавено: 12 април 2018 - 22:10

Кристијано Роналдо остана смирен и сконцентриран за да го реализира ударот од белата точка и да го испрати европскиот првак во полуфиналето. Португалецот уште еднаш покажа дека психички е одлично подготвен и го издржа притисокот кој го направија играчите на Јувентус, но и притисокот кој го наложува самата ситуација.

Интересно е тоа што кога беше досуден пеналот, играчите на Јувентус не беа фокусирани само на англискиот судија Оливер, туку и на белата точка. Додека поголем дел од играчите на „старата дама“ негодуваа кај судијата за досудениот пенал, дефанзивците Лихштајнер, Кјелини и голманот Шчешни беа уловени од телевизиските камери како се обидуваат да ја „уништат“ белата точка и да му попречат на Роналдо во изведување на пеналот. 

Иако играчите на Јувентус се обидоа на секој можен начин да го попречат Роналдо, првата ѕвезда на Реал уште еднаш покажа дека е неумолив кога е во прашање шутот од 11 метри, од белата точка.

Најново во Меѓународен Фудбал