ДАЛИ ЌЕ ИМА КРАЈ НА ДОМИНАЦИЈАТА НА РОНАЛДО И МЕСИ?

Номинирани за најдобар фудбалер во светот се...

ФИФА ја објави листата на 10 фудбалери кои се влезени во „трка“ за оваа престижна награда

објавено: 24 јули 2018 - 16:51

Светската фудбалска федерација (ФИФА) ја објави листата од 10 фудбалери кои влегуваат во трка за најдобар фудбалер во изборот за 2018 година. Покрај актуелниот освојувач Кристијано Роналдо и неколку кратниот добитник на ова признание Лионел Меси, во конкуренција уште се и Кевин де Брујн, Антоан Гризман, Еден Азар, Хари Кејн, Килјан Мбапе, Мохамед Салах, Рафаел Варан и Лука Модриќ. 

Според многумина токму оваа година може да се стави крај на доминацијата на Роналдо и Меси, па некој друг фудбалер да биде најдобар. Еден од фаворитите секако ќе биде Лука Модриќ. Капитенот на хрватската репрезентација со Реал Мадрид ја одбрани европската титула во Лигата на шампионите, а на репрезентативно ниво ги предводеше „коцкестите“ до второто место на Мундијалот во Русија. 

Најново во Меѓународен Фудбал