ПОТПИСОТ ЗА РЕАЛ МАДРИД МУ ПРЕСУДИ НА ХУЛЕН ЛОПЕТЕГИ

НЕВЕРОЈАТНО: Шпанците го сменија селекторот на два дена пред СП!

Во шпанската федерација беа шокирани што на само три дена пред првиот меч со Португалија, нивниот селектор објави дека ќе го води Реал во следната сезона

објавено: 13 јуни 2018 - 12:12

Хулен Лопетеги нема да ја води репрезнетацијата на Шпанија на Светското првенство во Русија. Оваа шокантна вест ја објави претседателот на Шпанската фудбалска федерација. Луис Рубиалес. Причина за разделбата со Лопетеги е што тој на само три дена пред мечот со Португалија, објавил дека заминува во реал Мадрид, и со тоа го прекршил кодексот на однесување. 

На Лопетеги, Реал му беше поважен од Шпанија, го обвинија навивачите, па и покрај инсистирањето на фудбалерите на чело со капитенот Серхио Рамос, Лопетеги да остане да работи со селекцијата до крајот на СП, сепак шпанската феедрација донесе поинаква одлука. 

Се шпекулира дека нов шпански селектор ќе биде Кике Сетиен, актуелниот тренер на Бетис. Другата варијанта е тимот да го водат помошниците на Лопетеги, тоа се Фернандо Јеро и Алберт Селадес. 

Најново во Меѓународен Фудбал