УНИКАТЕН СЛУЧАЈ

Неверојатно: Нема ниту еден пораз со француската репрезентација

Десниот бек Бенџамин Павард никогаш со наведната глава не го напуштил теренот

објавено: 15 јули 2018 - 22:30

Кога на теренот во дресот на француската репрезентација е  Бенџамин Павард, тогаш е јасно дека „галските петли“ нема шанси да загубат. Десниот бек на Франција вечерва се радуваше на светската титула освоена на Мундијалот во Русија, откако неговата селекција со 4:2 славеше над Хрватска. 

Интересна е статистиката поврзана за Павард. без разлика за која селекција на Франција тој настапувал, „триколорите“ немаат ниту еден пораз. Бекот започна од селекцијата до 19 години, па беше во У21, а сега е сениор. Вкупно има одиграно 31 натпревар и нема ниту еден пораз. 

Павард одигра одлично на Светското првенство во Русија и јасно е дека неговата цена драстично се зголеми, па можно е да видиме и негов трансфер во летниот преоден рок. Моментно негов клуб е германски Штутгат.

Најново во Меѓународен Фудбал