РАНАТА ЕЛИМИНАЦИЈА НА СП, ТЕШКО ЈА ПРЕБОЛЕЛ

Нејмар ја отвори душата: Не сакав да видам топка, не сакав да гледам фудбал!

Бразил многу порано од планираното го заврши настапот на Светското првенство, по поразот од Белгија во четвртфиналето, Нејмар не сакал да гледа фудбал, благодарение на најблиските успеал да се издигне...

објавено: 22 јули 2018 - 14:45

Бразил својот пат на Светското првенство во Русија го заврши со пораз во четвртфиналето од Белгија, многу порано од што планираа „кариоките“.

„Бев многу тажен, не сакав да видам топка, ниту пак да ги гледам останатите натпревари на СП. Но, сега тоа е зад мене. Мојот син, семејството и пријателите не сакаа да видат како тагувам и само поради нив морав да го променам расположението“, открива Нејмар.

Бразилската ѕвезда минатото лето за рекордни 222 милиони евра од Браселона се пресели во ПСЖ, ова лето имаше бројни шпекулации дека ќе го облече дресот на Реал Мадрид, но веднаш стигна демант.

Наместо со добрите игри, Нејмар за време на Мундијалот беше во центарот на вниманието поради глумењето на теренот по секој направен фаул. 

„Не знам зошто, но луѓето повеќе сакаат да критикуваат оној врз кој е направен фаулот, а не тој сто го напави. Во Русија заминав да игра фудбал, да победува, а не да примам удари. Критиките беа претерани, но доволно сум искусен да се носам со вакви работи“.

 

Најново во Меѓународен Фудбал