НИШТО ОД ПОСАКУВАНИОТ ТРАНСФЕР ЗА „КРАЛСКИОТ КЛУБ“

Нејмар и официјално му даде „корпа“ на Реал Мадрид

Најскапиот фудбалер во историјата вели дека има договор со ПСЖ и дека не планира да го напушти неговиот сегашен клуб

објавено: 20 јули 2018 - 08:30

Нејмар сигурно нема да биде замената за Кристијано Роналдо во Реал Мадрид ова лето. Иако постојано се шпекулираше дека бразилската ѕвезда ќе го облече дресот на „кралскиот клуб“, тоа и дефинитивно нема да се случи во овој преоден рок. 

„Продолжувам со Пари Сен Жермен. Имам договор со овој клуб и имам предизвик да оствариме некои зацртани цели. Ништо од тоа не е променето. Постојано има шпекулации, новинарите пишуваат, но тоа не ме интересира, бидејќи се измислици. Сакам и ќе останам во Париз и ќе бидам дел од ПСЖ“, рече самиот Нејмар. 

Францускиот првак за Нејмар плати 222 милиони евра, што е убедливо најскап трансфер на еден играч. Шпекулациите беа дека Реал може да даде неверојатни 625 милиони евра и во пакет на „Сантијаго Бернабеу“ да ги доведе Нејмар и Килијан Мбапе, двајцата од ПСЖ. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал