ВЕЧЕРВА СПРЕМЕТЕ СЕ ЗА СПЕКТАКЛ

НАТПРЕВАР НАД СИТЕ НАТПРЕВАРИ

Дерби над сите дербија, меч на векот... Со овие зборуви го опишуваат популарното „Суперкласико" помеѓу најголемите ривали Бока Јуниорс и Ривер Плaта

објавено: 10 ноември 2018 - 12:00

Прв пат во историјата, лутите ривали Бока Јуниорс и Ривер Плата ќе се соочат во финалето на Копа Либертадорес. Влогот е огромен - титулата првак на Јужна Америка! Првиот од двата големи натпревари се игра вечерва во 21.00 часот, по македонско време, на популарната Бонбоњера, а реваншот е една недела подоцна на Монументал.

БОКА - РИВЕР (сите MOZZART квоти за овој меч)

Откако стана јасно дека Бока и Ривер ќе одлучуваат за титулата шампион на Јужна Америка, главниот град на Аргентина е во хаос. Поради самитот Г20 во Буенос Ајрес променети се термините на финалните дуели и место вообичаено во текот на неделата, ќе се одиграат во викенд термини, што е добро за нашиот телевизиски аудиториум кои можат да уживаат во два фантастични натпревари. Популарното „Суперкласико" е најголемото во светот можеби и подобро од шпанското „Ел Класико" или судирот меѓу најголемите англиски ривали Ливерпул и Манчестер Јунајтед или белградскиот помеѓу Црвена Звезда и Партизан. Дуел со многу тензија и нервоза како на трибините така и на теренот. Често мечевите завршувале со тепачки меѓу играчите и меѓу навивачите на трибините.

Само како илустрација, дури 70% од фудбалските љубители во Аргентина навиваат за овие два клуба. Поголемиот број на фанови на Бока се од локалната италијанска имигрантска заедница и затоа го нарекуваат клубот на работничката класа, а повеќето навивачи на Ривер се од повисоката класа и затоа го носи и прекарот „Милионери". Нивното ривалство датира од 24 август 1913 година кога е одигран првиот меч и Ривер победил со 2:1.
На Суперкласико може да се види се, колоритни банери, знамиња, викања, урлање, пеење, играње и постојан огномет и употреба на разни пиротехнички материјали. Не залудно англискиот „Обсервер" го стави ова дерби на листата на „10-те спортски настани кои мораш да ги видиш пред да умреш".

ЗАБРАНА ЗА ГОСТИНСКИ НАВИВАЧИ
Билети нема ни за лек, цените достигнаа луди граници од по неколку илјади долари. Претседателот на државата Маурисио Макри апелираше до клубовите да ја прекинат праксата со недоаѓање на гостински навивачи, но планот пропадна. Па од таа страна ова големо дерби ќе биде сиромашно. За да се избегнат евентуални инциденти претседателите на двата клуба одлучија на Бонбоњера и Монументал да нема гостински навивачи. Забраната за гостински навивачи на Суперкласико е од 2013 година и е воведена токму поради честите насилства на трибините кои завршуваа и со смртни последици.

БИЛЕТИ НИ ЗА ЛЕК

Полицијата има полни раце работа, билети нема ни за лек... Не се сомневаме дека атмосферата на трибините ќе биде фантастична, само штета што ќе нема да видиме гостински навивачи (двата клуба се договорија така за да се избегнат инциденти кои се чести на нивните меѓусебни пресметки).
Како што вели Даниел Ангеличи, претседателот на Бока Јуниорс, до нивните канцеларии пристигнале дури 90,000 барања за влезни билети. Според него за продажба се наменети само 29,000 билети, другите се за членови на клубот, спонзори, ВИП гости...
Стадион Бонбоњера собира 49,000 гледачи што значи дека има речиси двојно повеќе барања од вкупниот капацитет на стадионот.
„Не можеме да ги услужиме сите. За жал многумина нема да можат да влезат на стадионот. Толкав е капацитетот и тоа е тоа. Пристигнаа толку многу барања што можевме да пополниме два стадиона како Бонбоњера", изјави Ангеличи.

БИСКАЈ ГО МЕНУВА ГАЉАРДО
Јасно е дека Ривер ќе биде без услугите на својот тренер Марсело Гаљардо кој е суспендиран и ќе ги пропушти двата финални натпревари. Неговата десна рака Матијас Бискај ќе ја преземе неговата улога и тој ќе треба да ги спроведе сите тактички замисли на Гаљардо до фудбалерите. Вискаја претходно им беше асистент на Даниел Пасарела во Ривер, а тој е син на поранешниот судија Хуан Карлос Бискај.
И претходно Гаљарди и Бискај се најдоа во слична ситуација. Гаљардо беше исклучен за време на првиот финален натпревар во Копа Либертадорес во 2015 година против Тигрес (0:0). На реваншот Бискај седна на клупата и го предводеше Ривер до победа од 3:0 и трофејот во Јужна Америка.

Во отсуство на суспендираниот капитен Леонардо Понцио, Гаљардо ќе треба да избере една од двете варијанти во средниот ред во формацијата 4-2-3-1. Капитенската лента ќе ја преземе дефанзивецот Мајдана, а на Енцо Перез во средниот ред ќе му прави или Зукулини или Игнасио Фернандез. Централен напаѓач е Боре, а поддршка од позадина Пити Мартинез, Паласиос и Прато. Сосема солиден напаѓачки потенцијал имаат „Милионерите".

На другата страна тренерот на Бока Гиљерме Барос Скелото веројатно ќе се потпре на формација 4-1-4-1, а не на офанзивната 4-3-3. Со тоа Скелото ќе се обиде да нападне директно низ средината и истовремено да завладее со средниот ред каде ќе има петмина играчи. Дарио Бенедето ќе биде задолжен ударната игла, а контролата на топката во средниот ред ќе треба да воспостават Перез, Нандез, и Вилмар Бариос како дефанзивен играч за врска. Надополнување во нападот ќе вршат крилата Себастијан Виља и Кристијан Павон.

 

МОЖНИ СОСТАВИ

БОКА (4-1-4-1)
РОСИ
Л.ХАРА
ИЗКИЕРДОЗ
МАГАЉАН
МАС
БАРИОС
ВИЉА
ПЕРЕЗ
НАНДЕЗ
ПАВОН
БЕНЕДЕТО

РИВЕР (4-2-3-1)
АРМАНИ
МОНТИНЕЛ
МАЈДАН
ПИНОЛА
КАСКО
ПЕРЕЗ
СУКУЛИНИ
ПАЛАСИОС
ПРАТО
МАРТИНЕЗ
БОРЕ

Најново во Меѓународен Фудбал