КАКОВ ДЕН НА МАКСИМ ДЕГТАРЈЕВ

Направи сообраќајка, задоцни на мечот, влезе и даде гол

Напаѓачот на Олимпик Доњецк Максим Дегтарјев имаше неверојатна сабота

објавено: 25 септември 2018 - 11:00

Тој задоцни на натпреварот со Арсенал во Киев поради сообрајаќна несреќа кога се обидувал да го напушти паркингот во Киев. Поради доцна реакција на полицијата, Дегтарјов пропушти поголем дел од првото полувреме од натпреварот. Но во второто полувреме влезе во игра и даде гол за конечна победа на неговиот тим од 3:1.

Полицијата доцна дојде. Максим веќе ги имаше спремено документите, даде изјава на полицајците и им ги предаде документите. Затоа тој задоцни на натпреварот. Ги остави клучевите од автомобилот на пријател, додека полицајците го правеа записникот, јас со мојот автомобил го однесов на стадионот", изјави агентот на играчот Александар Машков.

 

Најново во Меѓународен Фудбал