НА ПРВОТО МЕСТО Е ПОЛ ПОГБА

Најскапите трансфери во историјата на Премиерлигата

Ливерпул направи светски рекорди ангажирајќи го Алисон, но на кое место е рангиран во листата најскапи трансфери во историјата на најквалитетната англиска фудбалска лига?

објавено: 20 јули 2018 - 20:30

На првото место е Пол Погба кој за 93.25 милиони фунти од Јувентус се пресели во редовите на Манчестер Јунајтед.

Второпласиран е белгискиот репрезентативец Ромелу Лукаку кој за 75 милиони фунти го засили Манчестер Јунајтед доаѓајќи од Евертон, а за истата сума Виржил ван Дајк си замина од Саутемптон во Ливерпул.

Топ 10 најскапи трансфери во историјата на Премиерлигата:

1. Пол Погба, Јувентус - Манчестер Јунајтед (93.25 милиони фунти)
2. Ромелу Лукаку, Евертон - Манчестер Јунајтед (75)

- Виржил ван Дајк, Саутемптон - Ливерпул (75)
4. Алваро Мората , Реал Мадрид - Челзи (70)

5. Алисон Бекер, Рома - Ливерпул (67)
6. Фред, Шахтјор Доњецк - Манчестер Јунајтед (61.2)

7. Пјер Емерик Обамејанг, Борусија Дортмунд - Арсенал (60)
- Ријад Марез, Лестер - Манчестер Сити (60)

8. Анхел Ди Марија, Реал Мадрид - Манчестер Јунајтед (59.7)
9. Ајмерик Лапорте, Атлетик Билбао - Манчестер Сити (57)

10. Кевин Де Брујн, Волфсбург - Манчестер Сити (54.5 милиони фунти)

Најново во Меѓународен Фудбал