ПРВ ОСТАНУВА МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД

НАЈСКАПИТЕ ФУДБАЛСКИ ТИМОВИ: Нивните нозе вредат милијарди!

20 најценети фудбалски тимови на светот вредат во просек 1,69 милијарда долари, што е 14 отсто повеќе од минатата година, а 74 отсто повеќе од 2013. година.

објавено: 19 јуни 2018 - 18:15

Најдобрите 10 тимови забележаа во просек 428 милиони долари приходи во текот на 2016. и 2017. година, што е 40 отсто повеќе од пред пет години.

На годишната „Форбс" листа највредни фудбалски тимови на светот, веќе втора година по ред на првото место се наоѓа Манчестер Јунајтед со вредност од 4,12 милијарди долари, што повеќе за 3,69 милијарди долари во однос на минатата година.

На второто и третото место се наоѓаат шпанските гиганти Реал Мадрид (4,09 милијарди долари) и Барселона (4,06 милијарди долари).

Петте најдобри европски лиги имаат договори кои генерираат 8,2 милијарди долари годишно само во медиумските права.

Најново во Меѓународен Фудбал