ДЕБАКЛ ВО ЛИГАТА НА НАЦИИ

Најлошата година во историјата на германската репрезентација!

Фудбалската репрезентација на Германија, со синоќешниот пораз во УЕФА Лигата на нации од Франција (1:2) во Париз, за прв пат во историјата загуби шест натпревари во една календарска година.

објавено: 17 октомври 2018 - 17:30

Избраниците на селекторот Јоаким Лев во 2018. година, освен од Франција, угубеа уште од Бразил, Австрија, Мексико, Јужна Кореја и Холандија. До крајот на година ќе играат во Лигата на нации со Холандија, и ќе имаат пријателски меч против Русија.

За прв пат после 18 години Германците немаат победа во четири натпревари по ред, а загубија и во два меча во низа за бодови. Националниот тим на Германија во само една средба во 2018. година не примија гол, а тоа последен пат се случило во далечната 1964. година.

Севкупно Германија после четири одиграни кола во групата 1 од Лигата „А" има само еден бод. Доколку не ја победи Холандија, а покрај тоа и Холанѓаните не триумфираат над Франција, Германците ќе испаднат во понизок ранг во новото УЕФА натпреварување.

Најново во Меѓународен Фудбал