НАЈГОЛЕМО ВНИМАНИЕ ПРИВЛЕКУВА БЕЛГИЈА

Најдобрите 11 од четвртфиналните пресметки на СП (Фото)

Во саботата ги дознавме официјално полуфиналните натпревари на Мундијалот во Русија.

објавено: 8 јули 2018 - 13:30

За пласман во големото финале на 15. јули ќе играат Франција-Белгија и Хрватска-Англија, а овие мечеви ќе се играат на 10. и 11. јули.

Традиционално после секоја фаза се објавуваат најдобрите 11 кои покажале најдобри перформанси, во четвртфиналето најголемо внимание привлече Белгија која изненадувачки го елиминираше досега најголемиот фаворит за титулата, Бразил.

Формација (4-3-3), најдобар селектор: Роберто Мартинез (Белгија)

ГОЛМАН: ТИБО КУРТОА (БЕЛГИЈА)

ОДБРАНА: КИРАН ТРИПИЕР (АНГЛИЈА), ХЕРИ МЕГВАЈЕР (АНГЛИЈА), РАФАЕЛ ВАРАН (ФРАНЦИЈА), ЛУКАС ХЕРНАНДЕЗ (ФРАНЦИЈА).

СРЕДЕН РЕД: МАРУАН ФЕЛАИНИ (БЕЛГИЈА), ЏОРДАН ХЕНДЕРСОН (АНГЛИЈА), ПОЛ ПОГБА (ФРАНЦИЈА).

НАПАД: АНТОАН ГРИЗМАН (ФРАНЦИЈА), КЕВИН ДЕ БРУЈН (БЕЛГИЈА), ЕДЕН АЗАР (БЕЛГИЈА).

Иако не се во идеалниот тим вреди да се одвојат уште Џордан Пикфорд (Англија), Н'Голо Канте (Франција), Насер Чадли (Белгија) и Ромелу Лукаку (Белгија).

Најново во Меѓународен Фудбал