ЗА НЕГО МАЛКУ СЕ ЗНАЕ, А Е ПРЕД МЕСИ, РОНАЛДО, ПЈОНТЕК...

Најдобриот стрелец во Европа игра во Турција... И носи маска на горила!

Сенегалскиот интернационалец жари и пали на терените во Турција, а со своите 20 гола во првиот дел од сезоната е на врвот на листата на стрелци во Европа

објавено: 1 јануари 2019 - 20:00

Неговото име е Мбаје Диањ, момче родено во Дакар кое фудбал почнал во ниските италијански лиги, па две сезони бил дел од Јувентус...

Сенегалецот направи полн погодок откако потпиша за турскиот Касимпаша во 2018 година затоа што бргу стана еден од најбараните играчи во Супер лигата и пошироко. Неговата кариера се одвивала во необичен правец, тој играл и во унгарскиот шампионат, додека играл во Кина против него бил издаден налог за апсење... Но да одиме со ред.

Диањ даде 20 гола во 17 натпревари во турската Супер лига сезонава, што е повеќе од било кој играч во Европа. Повеќе и од Роналдо, Меси, Пјaтек, Мбапе, Кејн...

На 22 години од клубот Бра (во Серија Д) преминува во Јувентус за 100.000 евра. Меѓутоа силната конкуренција во торинскиот клуб го принуди да шета на позајмици во клубови како Ајачио, Лирс, саудискиот Ал Шабаб, па Вестерло, се до 2015 година кога унгарскиот Ујпешт не го купи. А Сенегалецот во Ујпешт реализира 10 гола во првата сезона, а веќе наредната замина во кинескиот Тјанџин ТЕДА иако имаше и понуда од Спортинг Лисабон.

Сепак, кинескиот клуб му понудил четири пати поголема плата, но приказната во Азија заврши неславно. Една негова глупост за малку ќе го чинела кариерата и тоа поради видео на социјалната мрежа. Во видеото Диањ со пиштол во рацете и качулка на главата вика: „Тргај се од моето семејство". Освен желбата за шега, немало друга причина зошто фудбалерот би го снимил ова видео.
„Ми се чинеше забавно и кул, но не знаев дека ги прекршив законите во Кина. Веднаш го избришав видеото и го предадов пиштолот, инаку играчка, на полицијата", објаснува Сенегалецот.

По две години во Кина, Диањ посакал да се врати во Европа, па заврши во Касимпаша. Сега е хит во турската Супер лига, а пополека ја освојува и Стариот континент. Неговиот клуб е на второто место на табелата, а тој е најдобар стрелец.
И не само тоа. Тој реализира 20 гола, а вториот стрелец е Уго Родаљега од Трабзон со само девет гола!
Иако веќе пристигнаа понуди за него, тој вети дека ќе остане во турскиот клуб најмалку до крајот на сезоната.

Би сакал да заиграм во Англија или Франција. Но сезонава ќе ја доиграм во Турција, а потоа ќе видиме. Не ме чуди што ме бараат други клубови. Постигнувам многу голови", се фали Диањ кој има италијанско државјанство.

А Диањ е познат по провоцирачките прослави на погодоците. Кога ќе ја затресе мрежата на противникот, стана маска на горила на главата. А според него, маската нема посебно значење. Едноставно му се допаднала во еден маркет и мислел дека е забавно со неа да ги прославува погодоците.

 

Најново во Меѓународен Фудбал