УЕФА ЈА ОБЈАВИ КРАТКАТА ЛИСТА

Најдобар фудбалер во Лига Европа: Паје, Годин или Гризман?

Диего Годин, Антоан Гризман и Димитри Пајет се наоѓаат во потесниот избор за најдобар играч во Лига Европа за минатата сезона 2017/18.

објавено: 9 август 2018 - 22:00

Гризман беше прогласен за играч на финалниот натпревар кога Атлетико Мадрид го освои трофејот во ЛЕ во мај, постигнувајќи два голови, додека неговиот тимски колега Годин беше лидер на одбраната која прими само четири гола на пат кон титулата.

„Шоуто" во текот на целата сезона на Лион заврши со разочарување за Марсеј, иако Паје блескаше против конкуренцијата, сведоци сме на неговите брилијантни погодоци против Лајпциг и Атлетик.

Победникот ќе го дознаеме на 31. август. Да потсетиме, за сезоната 2016/2017 прогласен за најдобар беше Пол Погба.

Од четвртото до 10. место беа рангирани: Јан Облак (Атлетико Мадрид, 43 поени), Чиро Имобиле (Лацио, 26), по 16 Ариц Адуриз (Атлетик Билбао) и Коке (Атлетико Мадрид), по 10 поени Луиз Густаво (Марсеј), Флориан Товин (Марсеј) и осум поени фудбалерот на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

Најново во Меѓународен Фудбал