ПОРТУГАЛЕЦОТ ВО СВОЈ СТИЛ

Мурињо: Децата од пештерата се фудбалските херои, а не тие на Мундијалот

„Трогнат сум од тоа што се случи на Тајланд. Хероите се таму, а не на Светското првенство“, рече тренерот на Манчестер Јунајтед во анализата дадена за тоа што се случуваше во изминативе 20-тина дена

објавено: 11 јули 2018 - 13:30

Португалскиот стратег Жозе Мурињо во анализата за тоа што е тоа што се случило најважно на фудбалски план во изминативе 20-тина дена, рече дека главните херои се децата фудбалерчиња кои беа спасени од пештерата во Тајланд. 

Група од 12 млади фудбалери заедно со својот тренер, повеќе од две недели беа заробени во пештерата, откако обилните дождови го потпопија излезот. За среќа, по тридневната акција која беше изведена, а заврши вчера, живи од пештерата беа извадени сите 12 деца и нивниот тренер. 

Затоа Мурињо вели дека случувањата на Светското првенство во Русија се во втор план, бидејќи најважното што се случувало било во Тајланд, каде биле спасени младите животи. 

„Трогнат сум од тоа што се случи на Тајланд. Хероите се таму, а не на Светското првенство. Децата, а посебно нуркачите и спасувачите кои учествуваа во мисијата, се вистински херои. За мене, Светското првенство е во втор план", вели Мурињо. 

Најново во Меѓународен Фудбал