„Гаучосите" ја искористија можноста да направат селфи пред полетувањето, а Нигерија која е во иста група со Аргентинците веќе го привлекоа вниманието на себе поради дресовите во кои ќе играат на Мундијалот.
Во групата Д на СП се наоѓаат уште Исланѓаните и Хрватите, првите натпревари ќе се одиграат на 16. јуни, во Москва ќе се соочат Аргентина-Исланд, а во Калининград Хрватска-Нигерија.
И останатите репрезентации го привлекуваат вниманието, имено Французите на патот се однесуваа како тинејџери кои отишле на екскурзија, а Мароканците како т.н. „Лавови од Атласот" во својот авион направија една хип-хоп журка.