НОВ МОМЕНТ КОЈ ОТВОРА НОВИ ДИЛЕМИ

„Монументал" е затворен, никој не знае дали вечерва ќе се игра мечот

Минатата недела беше затворена и „Бомбоњера"...

објавено: 25 ноември 2018 - 12:30

Добро утро Буенос Аирес...
Дали знаете дека вечерва кај вас, во „комшии", се игра можеби и најголемиот натпревар во историјата на Аргентина...
Или пак можеби нема да се игра?
Моментално, никој не знае.
Имено, градските власти на престолнината на Аргентина после синоќешниот напад на автобусот со фудбалерите на Бока Јуниорс, и подоцнежното дивеење околу стадионот на Ривер Плата, одлучи да го затвори култниот „Монументал".

А ако се знае дека моментално и „Бомбоњера" на Бока Јуниорс е под суспензија изречена од градските татковци на Буенос Аирес, овој меч втор од финалето на Копа Либертадорес, нема каде да се (од) игра.
А претставниците на КОМНЕБОЛ се и онака бесни затоа што поради приходот од ТВ правата, инсистираа средбата да се игра во предвиденото време, или со неколкучасовно задоцнување. Но со оглед на тоа дека ситуацијата побегна од контролата, и луѓето во сиви костуми сфатија дека најдобро е сето тоа да се одложи, за вечерва од 21.часот.
Во меѓувреме, нов момент, затворање на „Монументал" и многу шпекулации.
Најчесто цитираната е оаа која вели дека Ривер Плата ќе плати казна, и дека тоа ќе им биде доволно на градските власти да ја укинат суспензијата.
Иако и тоа е под знак на прашање, затоа што тоа не е процедура која може да се заврши за 15.минути.
Според други информации, претседателот на Бока Јуниорс Даниел Ангеличи, за време на ноќта преговарал со адвокати. Наводно, желбата му е да не ја изведе екипата на теренот, туку да бара победа на суд.

Поради тоа зголемена е и онаа „теорија на завера" кај навивачите на Ривер дека раководството на Бока Јуниорс намерно ја одбрала таа потешка рута на патот кон „Монументал" во однос на некоја многу многу побезбедна.

А и самите фудбалери на Бока, предводени од Карлос Тевез веќе испратија порака до КОМНЕБОЛ дека слободно можат да им ги врачат пехарот на нивните „миленици" од Ривер Плата. И дека сеуште смеаат дека овој меч не треба да се игра воопшто.
Но кој ги прашува за тоа?
Инаку, „Монументал" се суспендиран поради тоа што на стадионот имало преголем број на луѓе од постоечкиот капацитет, и затоа што организаторите не обезбедиле услови објектот да се напушти безбедно во случај на потреба.
А таму и тоа како треба да биде така!
Затоа што на излезите од стадионот, навивачите со влезници биле пресретнувани од други фанови на Ривер во обид да им ги украдат истите и да бидат дел од вечерашниот спектакл, ако воопшто дојде до такво нешто.
Што уште нè чека до 21часот...

Најново во Меѓународен Фудбал