познат судијата на најважниот меч на сп во русија

Меси го нема, ама сепак ќе има Аргентинец во финалето на Мундијалот

Нестор Питана ја доби довербата од ФИФА

објавено: 12 јули 2018 - 22:06

Аргентинскиот судија Нестор Питана ја доби довербата од Светската фудбалска федерација (ФИФА) за да ја дели правдата на финалниот меч од Мундијалот во русија. Питана ќе биде во центарот на игралиштето в недела во Москва, на дуелот меѓу Франција и Хрватска. 

Питана досега судеше четири меча на ова Светско првенство. Тој беше арбитарот кој го отвори планетарниот собир, бидејќи го судеше првиот дуел, меѓу Русија и Саудиска Арабија. Сега ќе ја има честа да го суди и финалето. 

Беше главен делител на правдата и на средбите Мексико - Шведска, Хрватска - Данска и Франција - Уругвај. Тоа значи дека им донел среќа по еднаш и на Хрватите и на Французите. 

Вкупно има покажано 12 жолти картони, што значи дека во просек по три на средба. 

Најново во Меѓународен Фудбал