КАПИТЕНОТ НА „ГАУЧОСИТЕ“ ПОВТОРНО БЕШЕ ОЧАЕН

Меси е неупотреблив! Може да оди во пензија и во заборав кај Аргентинците

Кога игра во националниот дрес, Лионел не е ни бледа сенка од тоа што го покажува на клупско ниво во дресот на Барселона

објавено: 21 јуни 2018 - 22:07

Меси повторно беше очаен, Аргентина е на колена. Селекцијата за коај се најавуваше дека ќе биде меѓу главните фаворити за трофејот, сега е пред елиминација и тоа уште во групната фаза. По две одиграни средби, Аргентина има само еден бод и сега зависи од резултатите на останатите средби во групата. 

Откако Аргентина одигра 1:1 на стартот против Исланд, се очекуваше дека на дербито против Хрватска ќе се види селекцијата која атакува на тронот. Наместо тоа, Аргентина одигра уште еден очаен меч, на чело со капитенот Лионел Меси. Играчот кој требаше да биде предводник на тимот, се изгуби на теренот. Ако против Исланд Меси шутраше пенал, кој го промаши, овојпат не можеше ни да се понадева на шанса за гол, а неговиот тим загуби со убедливи 3:0. 

По овој пораз, Аргентина останува само со еден бод и само теорија дека може да помине понатаму. Доколку Исланд утре ја победи Нигерија, во последнто трето коло, Хрватска и Исланд ако одиграат нерешено, Аргентина и да победи со 100:0 против Нигерија, ќе биде залудно.

Светското првенство кое се најавуваше дека може да биде блескаво за Меси, на крајот може да се претбори во дебакл кој ќе значи и репрезентативна пензија на играчот кој се надеваше дека ќе донесе национална радост како тоа што го има направено Диего Армандо Марадона.

Најново во Меѓународен Фудбал