И ХЕРОЈОТ НА ХРВАТСКА ВО ТРАНС

Манџукиќ: Не знам, ова е чудо! Не, не е чудо, бевме како лавови!

Марио Манџукиќ е херојот на Хрватска. На стартот од второто продолжение стрелаше од непосредна близина во мрежата на Пикфорд, после една сосема случајна асистенција на Перишиќ.

објавено: 11 јули 2018 - 23:35

Не се само хрватските фанови во транс, туку и фудбалерите. Не можат да поверуваат дека во недела ќе се борат за светската титула. Херојот Марио Манџукиќ по завршување на мечот сосема очекувано беше збунет не можеше да ги собере емоциите...

„Ова е неверојатно, не сме свесни. Не, не...Не знам, ова е чудо. Не, не е чудо, ова го можат само големите момци. Бевме храбри, се вративме против Англија, одигравме со срце. Еве видете, гори се. Уживаме, бевме како лавови, вака ќе биде и во финалето“, изјави Марио Манџукиќ.

 

Најново во Меѓународен Фудбал