СЕЛЕКТОРОТ НА „АЅУРИТЕ“ СО НЕВЕРОЈАТНА КОНСТАТАЦИЈА

Манчини: На Мундијалот немаше подобра селекција од Италија

Некогашниот четирикратен светски првак воопшто не беше дел од завршницата на планетарниот собир

објавено: 5 јули 2018 - 14:40

Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација Роберто Манчини вели дека на Светското првенство во Русија не видел ниту еден тим кој би бил подобар од „аѕурите“. Италија воопшто не успеа да се пласира на Мундијалот, откако во плеј-офот по двата меча загуби од Шведска. Токму Шведска е една од  осумте најдобри репрезентации кои останаа во конкуренција за освојување на светската фудбалска круна во Русија. 

И покрај тоа што Италија не беше на Сгветскиот собир, Манчини изненадувачки вели: 

„Ако треба да сумирам по мечевите кои ги гледав до сега, ако не се смета Бразил, не видов подобра репрезентација од нас“, вели Манчини, кој пред неколку месеци беше назначен за селектор на некогашниот четирикратен светски првак.

Манчини се надева дека ќе создаде тим кој ќе биде конкурентен за највисок пласман на следното Европско првенство во 2020 година. 

Најново во Меѓународен Фудбал