ФИФА ја објави листат ана исплати за СП 2018

Манчестер Сити заработи 5 милиони долари од своите играчи кои беа на СП во Русија!

ФИФА денеска ги објави и исплатите кои ќе бидат направени во рамките на Програмата за клупски бенефиции, со што клубовите ќе остварат приходите од настапот на нивните фудбалери на најголемиот фудбалски собир на планетава.

објавено: 4 декември 2018 - 14:45

По завршувањето на светското фудбалско првенство во Русија ова лето, ФИФА денеска ги објави и исплатите кои ќе бидат направени во рамките на Програмата за клупски бенефиции, со што клубовите ќе остварат приходите од настапот на нивните фудбалери на најголемиот фудбалски собир на планетава.

ФИФА ќе подели вкупно 209 милиони долари за 416 клубови од светов, кои имаа свои играчи на Мундијалот. Оваа бројка, пак, преставува значителен пораст од речиси 200% во споредба со сумата која беше поделена од оваа програма на СП во 2014 година.

На листата на оние кои добија најмногу пари од ФИФА по овој основ, се клубовите кои имаа и најмлку свои преставници на Мундијалот. Во ТОП 10 листата на клубови кои ќе повлечат најмногу пари од касата на ФИФА се: Манчестер Сити, Реал Мадрид, Тотенхем, Барселона, ПСЖ, Челзи, Манчестер Јунајтед, Атлетико Мадрид, Јувентус и Монако.

Комплетната листа на исплата ја имате на следниот ЛИНК.

Најново во Меѓународен Фудбал