Контроверзниот директор на Динамо (З) си бендиса нов клуб

Мамиќ од нова година го презема Широки на Гоце Седлоски?

Босанските медиуми шпекулираат дека Мамиќ е решен што подолго да остане во Босна и да ја избегне затворската казна која неправосилно го чека во Хрватска. Притоа е заинтересиран за влез во тамошниот тим Широки, каде како тренер од неодмна е нашиот Гоце Седлоски.

објавено: 15 октомври 2018 - 10:00

Додека го ловат данични инспектори, обвинителство и полиција во Хрватска, контроверзниот фудбалски работник Здравко Мамиќ, попознат како довчерашен алфа и омега во екипата на Динамо Загреб, наскоро може да почне да работи во нов фудбалски клуб. Додека престојува во Босна и Херцеговина, Мамиќ е во преговори за влез во еден од тамошните клубови, екипата на Широки Бријег.

Според информациите на локалните медиуми, Мамиќ на стартот на следната година би требал да стане дел од фудбалскиот клуб во кој моментно прв тренер е нашиот Гоце Седлоски. Уште од доаѓањето во Босна, Мамиќ се интересира за влез во некој од тамошните клубови, па Широки веројатно во моментов е најдобрата опција, затоа што е и најблизу до хрватската страна од босанската приказна. 

Сепак, неговото доаѓање во Широки нема да биде на отворена врата, со оглед на тоа што ултрасите на босанскиот клуб се противат на негов влез во клубот. 

Најново во Меѓународен Фудбал