ЖДРЕПКАТА ЌЕ СЕ СЛУЧИ НА 2. ДЕКЕМВРИ 2018 ВО ДАБЛИН

Македонија во 5. шешир, кои се можните ривали во квалификациите за ЕП 2020 година?

После одигрувањето на последните натпревари во групите од Лигата на нации и официјално дознавме кои репрезентации во кои шешири ќе се најдат пред ждрепката за 2. декември 2018 год. за извлекување на квалификациските групи за Европското првенство 2020. година.

објавено: 21 ноември 2018 - 08:00

Квалификациските групи ќе ги дознаеме на 2. декември напладне во Даблин (Р. Ирска), а репрезентациите се сместени според пласманот во Лигата на нации во своите Лиги. Македонија не успеа да биде најдобра во Лигата „Д", па така Грузија ќе биде во четвртиот, а ние во петтиот шешир.

Нашата сениорска селекција е во петтиот шешир заедно со репрезентациите на Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Гибралтар, Казахстан, Косово, Луксембург, Молдавија и Фарски Острови, и тие не можат да ни бидат противници во квалификациската група.

Шешир (Лига на нации): Швајцарија, Португалија, Холандија, Англија (овие четири репрезентации кои беа првопласирани во своите групи од Лигата „А" ќе се најдат во квалификациските групи каде што ќе има пет репрезентации).

Прв шешир: Белгија, Хрватска, Франција, Италија, Шпанија, Полска.

Втор шешир: Босна и Херцеговина, Австрија, Чешка, Данска, Исланд, Русија, Шведска, Украина, Велс, Германија.

Трет шешир: Финска, Северна Ирска, Норвешка, Република Ирска, Србија, Словачка, Турција, Бугарија, Израел, Шкотска.

Четврти шешир: Албанија, Кипар, Естонија, Грузија, Грција, Литванија, Црна Гора, Словенија, Романија, Унгарија.

Петти шешир: Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Гибралтар, Казахстан, Косово, Луксембург, Македонија, Молдавија, Фарски Острови.

Шести шешир: Андора, Летонија, Лихтенштајн, Сан Марино, Малта.

Ќе бидат извлечени вкупно 10 групи (пет со по шест, а пет со по пет репрезентации), а пласман на ЕП ќе обезбедат најдобрите две од секоја група.

Квалификациите ќе се играат од 21. март до 19. ноември 2019. година, додека баражот (кој од сега се обезбедува преку Лигата на нации) е закажан од 26-31 март 2020 година, по што ќе ги дознаеме и последните четири учесници од четирите лиги во УЕФА Лигата на нации (Лига „А", „Б", „Ц", „Д").

Наредното ЕУРО ќе се игра во 12 држави во периодот од 12. јуни до 12. јули 2020 година.

Најново во Меѓународен Фудбал