Шпанската престолнина на два дена пред Суперкласико

Мадрид трепери пред доаѓањето на 500 „особено насилни“ фанови на Бока и Ривер

Мадрид, но и Аргентина се на нозе. Со нетрпение се очекува вториот финален меч од Копа Либертадорес меѓу екипите на Ривее Плата и Бока Јуниорс кој во недела од 20.30 часот треба да се одигра на „Сантијаго Бернабе".

објавено: 7 декември 2018 - 13:30

Мадрид дојде како алтернатива за „воената“ состојба во Буенос Аирес која изби пред реванш дуелот на лутите градски ривали.

Сепак, и Шпанците не се мирни пред налетот на фановите на двата тима кои го најавија своето пристигнување во Европа за клучниот „Суперкласико“ дуел кој ќе го даде новиот јужноамерикански шампион. Како што објавија градските власти во шпанската престолнина, во текот не денешниот ден се очекува пристигнување на 400 до 500 исклучително насилни фанови кои ќе бидат сериозен проблем за полицијата. Станува збор за фанови и на двататима, кои се познати по инцидентите кои ги прават на натпреварите на Бока и Ривер, но кои исто така имаат и дебели криминални досиеја. 

Шпаските власти веќе депортираа еден навивач на Бока, извесен Макси Мацаро, кој уште пред да стапне на шпанско тло беше вратен во Аргентина, затоа што е познат како еден од најопасните хулигани, со дебело досие за криминални активности поврзани со грабежи и насилство.

Најново во Меѓународен Фудбал