ШПАНСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА ГИ ИСКЛУЧИ ТЕЛЕФОНИТЕ

Лудило го „тресе„ Мадрид за „Суперкласико“: Стигнале 150 илјади барања за билети

Мадрид е на нозе за најголемото и најлудото градско дерби во светот меѓу Ривер Плата и Бока. 

објавено: 1 декември 2018 - 10:11

Следната недела (20:30 часот) на „Сантијаго Бернабеу“ ќе се одигра реванш дуелот меѓу Ривер Плата и Бока Јуниорс во рамките на финалето на Копа Либертадорес.

Поради напад на автобусот на Бока, во кој настрадаа неколку фудбалери, мечот беше одложен. По долго размислување одлуката падна на Мадрид.

Не само меѓу фановите на двата тима, туку и меѓу оние неутралните завладеа општа „хистерија“.

КОНМЕБОЛ кој е организатор на ова натпреварување, шпанската фудбалска федерација, како организатор на мечот, и Реал Мадрид, кој е сопственик на стадионот, се најдоа под голем притисок поради билетите за пресметката на годината.

Информациите велат дека во рекордно време стигнале преку 150 илјади барања за карти. Ако се земе капацитетот на стадионот за да се исполни желбата на сите ќе треба да се наполнат два „Сантијаго Бернабеу“. Шпанската фудбалска федерација веќе ги исклучи телефоните откако доби незапамтен број на повици. Најмногу барања стигнале од Аргентинците кои живеат во Шпанија, ги има околу 60 илјади. 

Најново во Меѓународен Фудбал