Европската централа ги разгледува сите опции

УЕФА ќе воведе ВАР уште во четвртфиналето на ЛШ оваа сезона?

Чеферин изјави дека се очекува извештајот од комисиите во УЕФА по кој треба да се донесе одлука. 

објавено: 20 ноември 2018 - 20:15

ВАР технологијата би можела да биде воведена уште оваа сезона на натпреварите во Лигата на шампионите и Лигата на Европа, иако пред почетокот на сезоната УЕФА гласаше против нејзина премиера во европските купови.

На денешната прес-конференција претседателот на европската куќа на фудбалот, Александар Чеферин изјави дека се очекува извештајот од комисиите во УЕФА по кој треба да се донесе одлука. Тој откри дека шефот на судиите во УЕФА, Роберто Розети, изготвува посебна студија, со што треба да дојде до конечна одлука за тоа дали ВАР е навистина неопходен во натпреварувањата под капата на УЕФА уште оваа сезона.

„Го очекувам извештајот за околу една недела, а потоа ќе видиме кога можеме да ја воведеме технологијата. Ова ќе се случи најдоцна следната сезона", изјави Чеферин.

Претседателот на Здружението на професионални фудбалски клубови во Европа, Андреа Ањели, кој седеше веднаш до Чеферин на денешната прес-конференција, дообјасни: "Најдоцна следната сезона, но тоа значи дека има можност за имплементирање на технологијата и порано."

Се претпоставува дека во УЕФА размислуваат можност за воведување на ВАР од 1/4-финалните средби на двата турнира. Тоа значи дека УЕФА има рок до 9 април да ја имплементира технологијата.

Најново во Меѓународен Фудбал