Има само едно решение за белградскиот стадион

Маракана треба да се урне и да се гради нов стадион

Ако Црвена Звезда и Србија сакаат модерен стадион со УЕФА и ФИФА стандарди сегашната „Маракана“ мора да се урне до темел и одново да се гради стадион. Реконструкцијата нема да донесе стадион со потребната функционалност.

објавено: 14 септември 2018 - 15:15

Со пласманот во групната фаза од Лигата на шампионите, белградска Црвена Звезда се соочи со веќе актуелните прашања околу функционалноста на нивниот стадион „Рајко Митиќ", попознат како „Маракана".

Денеска во изјава за српските медиуми, генералниот директор на белградските „црвено-бели", Звездан Терзиќ потврди дека сите информации околу можната реконструкција на стадионот паѓаат во вода, затоа што начинот на кој е изграден не даваат простор за модернизација според стандардите на УЕФА и ФИФА.

„Маракана не може да се доградува или реконструира затоа што сите четири трибини се наслонети на земја. Немаме простор за комерцијални содржини и единственото решение е да се урне целиот стадион и да се гради нов, модерен, со комерцијални содржини. Тоа е единственото решение", вели Терзиќ.

Првиот оперативец на клубот откри дека на оваа тема е веќе разговарано и со државниот врв, но засега нема конкретна акција.

Најново во Меѓународен Фудбал