На Норвежанецот му лежи ЛШ

Солскјер: Моите најдобри мечеви во кариерата се оние од ЛШ

Во пресрет на пресметките со ПСЖ, тренерот на Манчестер Ј. гледа оптимистички.

објавено: 11 февруари 2019 - 09:30

Во пресрет на првиот натпревар од 1/8-финалето во Лигата на Шампионите против ПСЖ, тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле-Гунар Солскјер вели дека ПСЖ е страшен тим, но и „црвените ѓаволи“ имаат квалитет кој може да ги однесе во следната рунда.

„Морам да кажам дека тие можат да направат буквално се. Создаваат слободни зони за себе, технички и физички се многу силни силни физички. Но, нема да се предадеме. Имам три одлични напаѓачи. Освен Рашфорд, Мартсијал и Лукаку, ги имаме и Санчез и Лингард. Можеме да создадеме проблеми за нивната одбрана“, смета Солскјер.

Норвежанецот вели дека не беше така одамна кога тој како фудбалер на зелениот терен своите најдобри партии ги имаше токму на средбите од Лигата на шампионите.

„Најдобрите натпревари во мојата кариера се натпреварите од Лигата на шампионите. Се разбира, кога ќе излезете во оваа етапа, кога камерите ќе се вклучат и сите ќе гледаат во вас, со нетрпение очекувате да ги совладате сите кои ви стојат на патот. Не можно е да се заборават тие моменти на „Олд Трафорд“, смета норвешкиот стратег.

Најново во Меѓународен Фудбал