РЕАЛ И ЛИВЕРПУЛ ВО ДВЕ РАЗЛИЧНИ КАТЕГОРИИ

СЕ ЧЕКА ЖДРЕПКАТА: Можна е реприза од ланското финале!

Ждрепката за нокаут фазата во европските натпреварувања на УЕФА

објавено: 17 декември 2018 - 10:05

Денеска во швајцарскиот Нион ќе се одржи ждрепката за осминафиналето на Лигата на Шампионите, како и за 1/16 финалето во Лигата на Европа.

Прва на ред секако ќе биде онаа најелитна конкуренција.

Ждрепката за Лигата на Шампионите стартува точно на пладне, а оваа сезона можеме да очекуваме и можеби најсилна ждрепка досега, затоа то фаворитите во онаа групна фаза, обезбедија пласмна во овој втор дел од натпреварувањето.
Во групара на носители се наоѓаат:
Реал Мадрид, Барселона, Јувентус, Баерн, Борусија Дортмунд, ПСЖ, Манчестер Сити, и Порто.
Во онаа на неносители пак се сместени:
Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Тотенхем, Атлетико Мадрид, Рома, Шалке, Лион и Ајакс.
Па така, веќе во осминафиналето можеме, макар и теоретски, но и во пракса, да гледаме двобој на ланските финалисти, Реал Мадрид – Ливерпул, но и уште неколку спектакуларни двојки.
Ждрепката пак за Лигата на Европа започнува од 13.шасот, а во неа во статус на носители се ставени:
Динамо на нашиот Аријам Адеми, но и Баер Леверкузен, РБ Салцбург, Зенит, Арсенал, Бетис, Виљареал, Ајнтрахт од Франкфурт, Генк, Севиља, Динамо Киев, и Челзи.
Своите привници може да ги побараат помеѓу:
Цирих, Селтик, Спавија Прага, Спортинг, Олимпијакос, Рапид Виена, Лацио, Малме, Краснодар, Рен и БАТЕ Борисов, и Фенербахче, на уште еден наш репрезентативец – Елиф Елмас.

Најново во Меѓународен Фудбал