Вечерва почнува 3. коло од Лигата на шампионите

Роналдо се враќа на „Театарот на соништата“

Во фокусот на интересот ќе биде дуелот меѓу екипите на Манчестер Јунајтед и Јувентус, поради враќањето на Роналдо на „Олд Трафорд".

објавено: 23 октомври 2018 - 14:30

Лигата на Шампионите се врaќа по 20-дневна пауза. Денешната програма нуди осум нови средби во рамките на 3. коло од групната фаза. Во фокусот на интересот ќе биде дуелот меѓу екипите на Манчестер Јунајтед и Јувентус, поради враќањето на Роналдо на „Олд Трафорд“. 

Интересот за средбата е огромен и диктиран претежно од враќањето на Португалецот на  "Театарот на соништата", каде ги радуваше навивачите на Јунајтед во периодот од 2003 до 2009 година. Тој нема настапувано на овој стадион вече 5 години, откако последен пат се појави во дресот на Реал Мадрид на 5 март 2013 година во меч со „црвените ѓаволи“ во ЛШ, кога Шпнците славеа со 2:1. 

Ова ќе биде и меч за нова средба на Кристијано Роналдо со Жозе Мурињо, со кого заедно работеа во Реал (М) меѓу 2010 и 2013 година. Манчестер Јунајтед загуби само три од последните 22 натпревари во европските купови, додека екипата на Јувентус на ова гостување доаѓа со две победи, без промен гол во групата.

Интересно ќе биде да се види како ќе помине и Реал (М) на средбата со Викторија Плзен, особено по кризата која го зафати европскиот шампион. Реал нема загубено меч против чешки тим во последните 5 меѓусебни дуели и ќе се обиде денешниот меч да биде крај на кризата за тимот.

Мало дерби се очекува во Рим на мечот меѓу Реал (М) и ЦСКА, а доволно провоативен ќе биде и дууелот во Германија меѓу Хофенхајм и Лион.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ

ГРУПА „Е“

АЕК - Баерн (типувај на овој меч во Mozzart)

Ајакс - Бенфика (типувај на овој меч во Mozzart)

ГРУПА „Ф“

Хофенхајм - Лион (типувај на овој меч во Mozzart)

Шахтјор - Манчестер С. (типувај на овој меч во Mozzart)

ГРУПА „Г“

Реал (М) - В. Плзен (типувај на овој меч во Mozzart)

Рома - ЦСКА (М) (типувај на овој меч во Mozzart)

ГРУПА „Х“

Јанг Бојс - Валенсија (типувај на овој меч во Mozzart)

Манчестер Ј. - Јувентус (типувај на овој меч во Mozzart)

Најново во Меѓународен Фудбал