ПОРТУГАЛЕЦОТ ИМАШЕ ПРЕКРАСНИ МОМЕНТИ СО МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД

Роналдо се враќа на „Олд Трафорд“ (ВИДЕО)

Во вторник и среда продолжуваат возбудувањата во групната фаза од Лигата на шампионите, а во центарот на вниманието ќе биде дуелот на „Олд Трафорд" помеѓу Манчестер Јунајтед и Јувентус.

објавено: 22 октомври 2018 - 19:30

Апсолутно дерби во вторник од 21:00 часот, ќе биде тоа враќање на Кристијано Роналдо против својот поранешен клуб со кој имаше славни моменти и имаше три премиерлигашки титули, два трофеи во Лига купот и по еден во ФА Купот, ФА Комјунити Шилд, Лигата на шампионите и Светското клупско првенство.

Севкупно португалската ѕвезда во дресот на „црвените ѓаволи" имаше 196 натпревари и 84 голови во периодот од 2003-2009 година.

Да потсетиме, Роналдо доби казна од само еден меч поради црвениот картон во Валенсија, го пропушти дуелот со Јанг Бојс, а сега ќе биде на располагање кај тренерот Алегри во составот на италијанскиот шампион.

Тој дефинитивно живее за вакви пресметки и сигурно силно ќе биде мотивиран, особено на клупата што седи неговиот сонародник, пријател и секако поранешен тренер, Жозе Мурињо. Може многу лесно да се случи со оглед на лошите резултати оваа сезона, токму Роналдо да биде причината за заминување на Мурињо од „Олд Трафорд", останува да се види.

Најново во Меѓународен Фудбал