ТОА Е ГОЛОТ НА КАРИЕРАТА

РОНАЛДО: Никогаш нема да ја заборавам реакцијата на навивачите (ВИДЕО)

Голот на Кристијано Роналдо против сегашниот клуб – Јувентус во првиот меч од осминафиналето на Лигата на Шампионите е прогласен за најубав во сезоната 2017/2018...

објавено: 28 август 2018 - 21:00

Доскорешниот играч на Реал Мадрид, а сега на италијанскиот шампион, Јувентус, доби 197.496 гласови, од вкупно 346.915 пристигнати на сајтот на УЕФА.

А со помош на Твитер, Португалецот им се заблагодари на сите кои гласаа за него.

„Им благодарам на сите кои гласаа за мене. Никогаш нема да го заборавам тој момент, посебно реакцијата на навивачите присутни на стадионот" – порача Роналдо.

И претходно, Португалецот истакна дека голот постигнат во Торино е најубавиот во неговата кариера, а многумина тврдат дека тој бил и пресудниот во одлуката на Роналдо да ја прифати понудата на Јувентус и ова лето да се пресели на „чизмата" за еден рекорден трансфер од 105.милиони евра. 

Најново во Меѓународен Фудбал