ВЕРОЈАТНО Е ТАКА

Погба: Торино е мојот дом!

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед Пол Погба вели дека е возбуден што во среда ќе се врати во Торино при гостувањето на „црвените ѓаволи" кај Јувентус во 4. коло од Лигата на Шампионите.

објавено: 5 ноември 2018 - 10:30

За прв пат после селидбата во летото во 2016 година на „Олд Трафорд" Французинот се враќа во Торино, каде претходно ги бранеше боите на „Старата дама" цели четири сезони.
Погба нагласува дека во редовите на Јувентус созреал како играч.

„Очекував дека ќе се сретнеме со Јувентус. Беше лудо, разговарав со својот брат минатото лето и му реков: 'Замисли да бидеме во иста група со Јувентус'. За мене тоа е задоволство. Торино е мојот дом, таму го постигнав својот прв професионален гол. И понатаму сум во контакт со старите играчи. Бевме како семејство, останавме во контакт"- рече Погба.

Тој додава дека многу работи научил како играч на Јувентус, екипата која во првиот меч пред три недели победи со (1:0) на „Олд Трафорд".

"Кога играте со играчи како Пирло, Буфон, Кјелини, секојдневно учите нешто. Дури и кога сте веќе 'готов играч', секогаш од нив можете да учите и тоа доста" – истакнува Погба.

И покрај тоа што чувствува пријатни емоции спрема стариот клуб, Погба најавува дека во Торино ќе ги брка трите бода со „црвените ѓаволи".

"Трофејот во Лигата на Шампионите ми е секогаш во мислите. Целта ми е да го освојам" – нагласува Погба.

 

Најново во Меѓународен Фудбал