КОГА ТОА ГО ВЕЛИ НАЈДОБРАТА „ДЕСЕТКА“ ВО ИСТОРИЈАТА НА ЈУВЕ

ПЛАТИНИ ЗА РОНАЛДО: Јас на 32 години бев уморен од фудбалот...

Легендарниот фудбалер на Јувентус вели дека не го разбира трансферот на Кристијано Роналдо во клубот од Торино и го нарекува – чуден...

објавено: 31 август 2018 - 11:35

Најголемиот трансфер ова лето беше преминот на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид во Јувентус и тоа за сума поголема од сто милиони евра.

Навивачите на Јувентус се веројатно пресреќни затоа што го имаат најдобриот фудбалер на светот во своите редови, но поранешниот играч на „црно-белите" од Торино, Мишел Платини вели дека тој трансфер му е чуден.

„Мислам дека е чудно играч на 33 години да го напушта 'својот' Реал Мадрид со кој освои три пехари по ред во Лигата на Шампионите за да проба некоја нова авантура. Кога јас имав 32 години, ме сакаа многу тимови. Меѓутоа, јас одлучив да се повлечам затоа што бев уморен"- изјави Платинит за „Лекип".

Роналдо премина во Јувентус незадоволен со статусот кој го имаше во последно време во Реал Мадрид, а наводно можел да премине и во Манчестер Јунајтед, но не го сакал тоа.

"Не го разбирам овој потег воопшто. Не знам дали агентот Мендеш го понудил Роналдо на Јувентус, или пак Јувентус го повикал агентот"- дополни Платини.

Инаку, Роналдо и понатаму нема дадено гол за новиот клуб. А следната шанса за тоа ќе ја има веќе во сабота, на стадионот „Енио Тардини", каде и гостува на Парма.

Најново во Меѓународен Фудбал