Провокација пред ЛШ

Нејмар: Ливерпул нема да биде ни меѓу ТОП 4

Бразилецот не е убеден во квалитетите на момците на Јирген Клоп

објавено: 4 септември 2018 - 20:30

Напаѓачот на ПСЖ, Бразиелцот Нејмар, вели дека Ливерпул нема да заврши ниту во првите четири од новата сезона во англиската Премиер лига. Ливерпул е прв ривал на парижани во новата сезона од Лигата на шампионите, а премиерата е на „Енфилд" на 18 септември.

„Тешко е да се предвиди што ќе се случува, затоа што тоа не е лесна работа, но сигурен сум дека и оваа година таму шампион ќе биде Манчестер Сити. Втор на крајот ќе биде Манчестер Јунајтед, трет Челзи, а четвртти Тотенхем. Ливерпул нема да влезе во првите четири во Премиер лигата", вели Нејмар во изјава за англиските весници.

Најново во Меѓународен Фудбал