ГО ПОБЕДИЈА ВОЛФЗБУРГ ВО ФИНАЛЕТО

Недопирливи: Фудбалерките на Лион пак се европски шампионки

Фудбалерките на Лион ја одбранија европската титула откако во вечерашното финале во ЛШ во Киев ги победија колешките од Волфзбург со 4:1. Петте гола паднаа во продолженијата

објавено: 24 мај 2018 - 21:25

Откако по 90 минути игра резултатот беше 0:0 се прејде кон продолженијата, а таму огномет од голови. Германките поведоа откако Хардер во 93 минута погоди за 1:0, а три минути подоцна останаа со фудбалерка помалку поради исклучувањето на Поп.

Тоа ја крена екипата на Лион која до крајот на мечот даде четири гола: Анри изедначи на 1:1 во 98 минута, Ле Сомер прави пресврт со гол во 99 минута, а работата ја завршија Хегерберг (103) и Абили (116) за конечни 4:1.
За Лион ова е петтата титула шампинки на Стариот континент и станаа рекордерки пред Франкфурт кои остана на четири трофеја.

Најново во Меѓународен Фудбал