ТОА БИ БИЛО НАВИСТИНА ИНТЕРЕСНО

МНОГУ ЗЛАТНИ ТОПКИ ВО ТОРИНО: Модриќ и Роналдо повторно заедно?

Јувентус е заинтересиран за најдобриот фудбалер на светот, а „Спорт Медиасет" пренесува дека раководството на „Старата дама" веќе ги контактирало челниците на „кралскиот клуб".

објавено: 13 јануари 2019 - 20:30

На капитенот на селекцијата на Хрватска, договорот со тимот од Мадрид му истекнува на 30.јуни 2020 година.

Минатото лето Интер сакаше да го ангажира искусниот организатор на играта, но после заминувањето на Роналдо, Реал Мадрид не сакаше да се одрекне од услугите на уште една своја голема ѕвезда, и секако, важен играч.

Нешто порано од ова, италијанските медиуми пишуваа дека „Старата дама" е заинтересирана за Иско, кој не е во најдобри односи со новиот тренер Сантјаго Солари, но и за Арон Рамзи, кој на крајот на сезоната без отштета, ќе го напушти Арсенал.

Најново во Меѓународен Фудбал