ПОСЛЕДНА ПОЧИТ ЗА ТРАГИЧНО ЗАГИНАТИОТ ФУДБАЛЕР

Минута молк за Сала во натпреварите од Лигата на шампионите и Лига на Европа

УЕФА потврди дека сите натпревари во следните три дена ќе започнат со минута молчење во чест на Елимијано Сала.

објавено: 12 февруари 2019 - 10:24

Сите натпревари организирани од УЕФА, денеска и утре во Лигата на шампиони, односно в четврток во Лигата на Европа ќе започнат со минута молчење во чест на Емилијано Сала, кој трагично загина во авионска несреќа.

Фудбалерот на Нант, кој направи трансфер во Кардиф, го загуби својот живот откако авионот со кој патуваше се сруши во каналот Ла Манш на 21 јануари.

Најново во Меѓународен Фудбал